дома Црна хроника Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ

Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ

61

Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ ѝ изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило.

Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат најзадоволни од пресудата кога ќе допридонесе да не се случуваат во иднина вакви несреќи.

– Немаме право да ја обжалиме пресудата на Апелација. За тоа колку сме задоволни – највеќе ќе бидеме задоволни кога нема да се случуваат вакви сообраќајки. Во поглед на постапката беше коректно водена, имавме активна улога да предлагаме докази. Сметаме дека во разумен рок и брзо заврши постапка, вели адвокатката Јована Малезанска.

Казната од три години која ја изрече судијката Илиевска-Јосифовиќ е под законскиот минимум, бидејќи Кривичниот законик предвидува најмалку четири години затвор за ова кривично дело. Ваквата судска одлука, судијката ја правдаше со олеснителни околности, дека станува збор за млада личност, покажала покајание, коректност, не била осудувана, а и сама изгубила ќерка на сличен начин во сообраќајка.

Во јануари минатата година кумановката Филиповска, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето минатиот месец рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже оти најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже оти вината е кај обвинетата.



ПредходнаИзраелците биле предупредени дека ќе се случи нешто големо, тврди функционер од египетското разузнавање
СледнаПукање во скопско Цветово – приведено едно лице