дома Политика „Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривични дела...

„Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат

29

  „Вреди“ предлага уставен амандман со кој ќе се даде уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни и сегашни избрани и именувани лица кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност. Ваквиот предлог на албанскиот коалиционен партнер во Владата, доаѓа откако опозициската ДУИ побара меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

Еден од главните приоритети на Владата, согласно Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото. Владата, што како што најавува во програмата, ќе иницира донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку нам сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче минатиот месец упати апел до Владата до го стави на јавна расправа новиот Кривичен законик, кој како што посочи е изготвен и се наоѓа во Министерството за правда. На тоа, премиерот Христијан Мицкоски му одговори оти нов КЗ ќе се донесе, но по европски стандарди, а не по нечии потреби.

Коалицијата „Вреди“, пак, вчера најави уставен амандман со кој законите ќе можат да имаат повратно дејство и во случаите повразни со застарување на кривичната постапка за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица. Според нив, овој амандман ќе ја приближи државата голем чекор напред кон интеграциите во Европската Унија.

Duke marrë parasysh se BDI-ja opozitare dëshiron t’i hedh hi syve të opinionit me propozime për veting ndërkombëtar për të gjithë politikanët gjatë 30 viteve të fundit, VLEN riafirmon propozi

Како што информираше на прес-конференција портпаролот на „Вреди“, Фари Хисени, предложениот амандман, кој се однесува на член 52 од Уставот, ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член – 112а во Кривичен законик да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат. Што, како што дополни подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот пишан на трети лица.

– Со овој амандман, впрочем, ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законите и правосудните постапки за сите избрани и именувани лица кои на предлог на политичките партии извршувале или извршуваат функции во законодавната, извршната или локалната власт, а кои го злоупотребуваат своето влијание и вршат притисоци да ги пролонгираат постапки против нив додека истите не застарат, посочи Хисени.

Во однос на прашањето кога да се очекува овој уставен амандман, одговори дека ќе има широка дискусија од која ќе треба да произлезе најсоодветна содржина.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

ДУИ, претходно, повика да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

-Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, совклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста заборбата против корупцијата е обид за прикривање насопствената корупција, порачуваат од ДУИ.

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Филипче минатиот месец ја повика Владата заеднички да го поддржат носењето на веќе подготвениот Кривичен законик.

-Има изготвен нов Кривичен законик, кој што е почнат во 2017 година од министерката Дескоска, тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој е нов кривичен закон, направен е целосно во координација со меѓународни институции по терк, примерок на Кривичниот законик на Германија и сметам дека што поскоро треба да биде на јавна расправа, треба да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење, да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме еден таков нов, како што доликува Кривичен законик. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон, еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин, рече Филипче и нагласи овој чекор е и поради тоа што граѓаните го манифестирале кон СДСМ за време на изборите во смисла на освоените гласови.

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини

Нагласи дека предлагаат едно солидно решение за продолжување по патот на соработката со меѓународните институции, кои не поддржувале изминатиот период, како и поединечни земји како Холандија, САД, кои направиле огромни инвестиции во реформирање на судството.

Мицкоски, одговарајќи на ова, нагласи дека не е против нов Кривичен законик, но го праша Филипче што ќе се прави со овие дела кои застареле и за кои граѓаните бараат отштета.

-Велат сработиле нов Кривичен, но што правиме со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета, за тие дела што застареле ќе вратат ли од украдените пари, бидејќи сега имате дела кои застареа и врз основа на тоа тие бараат отштета и добиваат од буџетот на државата. Тоа се милиони евра, тоа се ваши пари. Еве нека извадат од џеб и нека продадат дел од својот имот, а Бога ми го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека врата во буџетот. Студент од прва година Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон, кој што во времето на сторување на делото е апликативен. Сега донесоа закон за да ги амнестираат своите криминали и на оние политичари, кои од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата, а сега ќе носиме нов закон, рече Мицкоски.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Додаде дека тие немаат проблем да носат нов закон, но тој закон ќе биде согласно европските закони, а не „како некому што му треба“.

Собранието во септември 2023 година во скратена постапка со европско знаменеце ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување. Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години. Со измените на Кривичниот законик застареа или се изменија дел од обвиненијата во предметите „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. 

ПредходнаИспитување на „Галуп“: Македонците се вториот најгневен народ во Европа
СледнаАктивни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга