дома Спорт Шпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир

Шпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир

28

Шпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир

 Шпанската машка фудбалска репрезентација го освои златото на Олимписките игри во Париз. Во финалето Шпанците   го совладаа францускиот тим.

Во регуларното време натпреварот заврши нерешено – 3:3. Во продолженијата Шпанците погодија двапати за конечни 5:3.

Головите за Шпанија ги постигна Фермин Лопез (два), Алекс Баена и Серхио Камело кој погоди двапати во продолжението.

За Франција погодија Енцо Мајо, Манес Аклиуш и Жан-Филипе Матета.

Во мечот за бронзениот медал, селекцијата на Мароко го совлада Египет со 6:0.

Шпанската репрезентација го освои олимпиското злато за прв пат по Игрите во Барселона во 1992 година.

ПредходнаРакометарите на Данска и Германија во олимпиското финале
СледнаСрбија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо