дома Спорт Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо

Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо

15

Србите кои со голема мака ја поминаа групната фаза, успеаја да дојдат на чекор од златото, откако попладнево ја совладаа селекцијата на САД со 10:6.

Првата и третата четвртина завршија 2:2, втората со 4:2, а последната со 2:0 за српските ватерполисти.

Противникот на Србија во големото финале ќе биде познат вечерва по одигрување на натпреварот Унгарија – Хрватска (почеток 19:35 часот).

ПредходнаШпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир
СледнаАлбанија: Дипломатските претставници во странство со мандат од 4 наместо како до сега од 3 години