дома Бизнис Доларот ги разбуричка азиските берзи

Доларот ги разбуричка азиските берзи

24

На повеќето азиски берзи денес пораснаа цените на акциите, по големите промени минатата недела, додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата во САД, кој може да има значително влијание врз насоката на пазарот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 7:00 часот порасна за 0,6 отсто.

Во исто време, цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,1 отсто. Во Шангај, пак, тие благо паднаа, додека во Јапонија нема работа поради празниците. По големите промени минатата недела, на азиските берзи на почетокот на оваа недела се тргува мирно и претпазливо.

 

ПредходнаМногу бабици, неизвесни реформи
СледнаПазарот очекува дека ФЕД може да започне со намалување на каматните стапки