дома Бизнис Фалсификатор во Неапол имал три милиони лажни евра, низ Европа веќе продал...

Фалсификатор во Неапол имал три милиони лажни евра, низ Европа веќе продал осум милиони

25
Фалсификатор во Неапол имал три милиони лажни евра, низ Европа веќе продал осум милиони

  Во Неапол минатата недела бил уапсен фалсификатор осомничен за печатење 11 милиони евра во лажни банкноти, соопшти денеска Европол.

Европол објави дека уапсениот, кого не го именува, веќе продал осум милиони евра фалсификувани банкноти низ цела Европа и додаде дека полицијата од него запленила речиси три милиони евра фалсификувани банкноти.

– Покрај тоа, се верува дека уапсениот фалсификатор е одговорен за повеќе од 27 отсто од сите откриени фалсификувани банкноти на евра повлечени од оптек само во 2023 година, соопшти Европол.

Европол, чие седиште е во Хаг, информира дека во апсењето учествувала и француската полиција бидејќи голем дел од фалсификуваните банкноти фалсификаторот ги пуштил во оптек во Франција.

ПредходнаСепак нема конструктивни предлози од Арсовска има рок до четврток да почне да работи
СледнаМакедонски семејни винарии : Се зголемува бројот на сместувачки капацитети во мали винарници