дома Свет Португалските власти испраќаат засилување за гаснење на пожарот на Мадеира

Португалските власти испраќаат засилување за гаснење на пожарот на Мадеира

17

  На португалскиот остров Мадеира веќе втора недела беснее голем пожар, а според локалните медиуми огнената стихија уништила 4.400 хектари вегетација, поради што португалските власти одлучиле да испратат засилување на пожарникари кои го гаснат пожарот на островот.

Властите соопштија дека пожарот има два активни фронта, едниот во крајбрежните висорамнини Понто до Сол, а другиот во централниот планински масив со највисокиот планински врв на архипелагот Пико Руиво, но нагласија дека луѓето и станбените згради не се загрозени.

– Најмногу загрижува областа на централниот планински масив помеѓу висорамнините Курал дас Фреирас и Пико Руиво, каде пожарот се шири во тешко достапни области, што го отежнува гаснењето, соопшти локалната цивилна заштита.

Откако веќе испрати 76 пожарникари во саботата навечер, португалската служба за итни случаи и цивилна заштита соопшти дека испраќа уште 60 пожарникари на островот за да им помогнат на локалните противпожарни единици.

– Во овој момент е неопходно да се намали реториката што предизвикува паника. Ситуацијата е безбедна, а ние го правиме она што треба да се направи, изјави регионалниот функционер Мигел Албукерке.

ПредходнаКоморските Острови станаа 165-та членка на СТО
СледнаВо националните институции најголем проблем имаме со недостиг на стручен кадар