дома Бизнис Во јули раст на вкупните депозити и кредити за 7,3 проценти

Во јули раст на вкупните депозити и кредити за 7,3 проценти

24
Во јули раст на вкупните депозити и кредити за 7,3 проценти

  Вкупните депозити во јули бележат раст од 7,3 проценти на годишна основа, пред се поради растот во секторот домаќинства, а за исто толку е забележан раст и кај кредитите како резултат на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Според денеска објавените податоци на Народната банка, на месечно ниво има раст за 0,5 проценти кај депозитите и за 0,6 проценти кај кредитите.

Кај корпоративниот сектор, депозитите на месечно ниво се зголемени за 0,2 проценти, а кредитите за 0,5 проценти, а кај домаќинствата депозитите бележат раст за 0,7 проценти, а кредитите за 0,8 проценти.

Кај потрошувачките и станбените кредити одобрени за физички лица е забележан раст од 0,9 и 0,8 процент на месечно и годишно ниво, а автомобилските кредити овој месец се повисоки за 2,5 и 23,6 проценти на месечна и годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2 и 8 проценти на месечно и годишно ниво.

ПредходнаУЈП: Поднесувањето на ДДВ-04 се одвива без застој
СледнаАрсовска: Ништо не сум погрешила за да се повлечам, од советниците кои не гласаат во Советот треба да побарате оставка