дома Свет Павел: Постојат неколку опции за ставање крај на војната во Украина

Павел: Постојат неколку опции за ставање крај на војната во Украина

10
Павел: Постојат неколку опции за ставање крај на војната во Украина

  Претседателот на Чешката Република Петр Павел денеска изјави дека војната во Украина ќе продолжи се додека нема доволно сила двете страни да се убедат во неможноста да се постигнат политички цели преку воени средства, како и дека постојат неколку опции за ставање крај на руската војна против Украина.

– Ова може да се случи оваа година, но може да се случи следната година, или можеби по многу години, рече Павел во поткастот на ПолиТок, пренесува чешкиот портал Новинки.

Во исто време тој не ја исклучи можноста конфликтот да премине од жешка фаза во замрзната фаза, која, како што наведе, „може да трае со години“.

– Верувам дека за неколку години двете страни ќе сфатат дека е невозможно да се оди понатаму, а преговорите ќе се одржат. Не само Соединетите Американски Држави, туку и Кина, мора да дадат значаен придонес во ова и да ги охрабрат и двете земји на дипломатски преговори, додаде чешкиот лидер.

Павел оцени дека иако Европската унија е голема економска и политичка сила, потребен е единствен пристап кој ги вклучува и САД и сите демократски земји во светот.

ПредходнаМинималните трошоци на едно семејство во август зголемени над 600 денари, вредноста на синдикалната кошница 61.199 ден
СледнаОтворени 63. Струшки вечери на поезијата, годинава со мото „Допир на убавината“