дома Политика СДСМ објави „организирана шема“ за бегството на Рамадани

СДСМ објави „организирана шема“ за бегството на Рамадани

21
СДСМ обвинува за „организирана шема“ за бегството на Рамадани, за Мицкоски тоа се интриги во одбрана на судијата Пајазити

  Поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани избегал од куќен притвор со помош на полициски структури и вработени во институциите, обвини вчера опозициската СДСМ и побара од Владата и од МВР во рок од 24 часа да кажат кој го организирал и овозможил тоа. Власта, пак, ги повика ако имаат докази, да излезат и да ги презентираат, а таквите обвинувања ги оцени како интриги од опозициската партија, бидејќи во скандалот е вклучен како што велат, „партискиот судија Пајазит Пајазити“.

Пратеникот од опозициската СДСМ, Митко Трајчулески вчера на прес-конференција побара МВР да одговори дали станува збор за, како што кажа „партиско полициска организирана шема“ и „организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции“. Трајчулески рече дека доколку Владата и МВР во следните 24 часа не се одважат јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани, СДСМ ќе ги објави сите информации кои ги добиле од „свиркачи“.

– По сите информации кои ги имаме јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат. Го прашуваме Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и им даваме можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истрага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани, изјави Трајчулески.

Побара властите да одговорат дали е точно дека Рамадани на 10 и 14 август слободно и без контрола ја минал границата со Косово со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите.

– Ако имаат докази, нека излезат и да видиме како тоа ќе заврши“, одговори премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од СДСМ дека бегството на Блерим Рамадани е организирано од структури на МВР.

Според Мицкоски, за анализирање е загриженоста кај СДСМ и ДУИ, со оглед дека ова не е прв ваков случај и веќе има одлука од Врховниот суд.

– Ова не е прв случај, има сличен во 2016, во 2019 и има одлука од Врховен суд кога практично тие лица кои на идентитен начин биле во екстрадициски притвор врз основа на потерница што ја испраќа Србија, биле ослободени на слобода. Тоа што имаме загриженост кај СДСМ и ДУИ зошто партискиот судија Пајазити е вклучен во овој случај, па се обидуваат сега интриги или некакви би рекол чудни споредби да прават и информации во прашална форма, навистина е за анализирање. Ако имаат докази, ако знаат дека е тоа така, зошто во прашална форма, нека излезат со тврдење па да видиме како тоа ќе заврши, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме, МВР соопшти дека продолжува да презема оперативно-тактички мерки и активности во врска со бегството на Рамадани, а има и основи за сомненија за кривични дела од службени лица кои носеле одлуки за неговата екстрадиција.

Судскиот совет, исто така, донесе одлука за формирање Комисија што ќе го испита постапувањето на Судот во двете одлуки за екстрадицијата на Рамадани.

Врховниот суд, пак, реши да го врати предметот во врска со екстрадицијата на Рамадани на повторно одлучување и постапување.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР доставило известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) основи на сомневање за сторени  кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на Блерим Рамадани и постапувале по истите.

Судот, како што посочуваат од МВР, донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост и дека мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика.

Фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, поврзани со случајот Рамадани, ќе ја утврдува и Комисија формирана од Судскиот совет. На седницата одржана на 16 август, претседателката на Советот Весна Дамева рече дека иако формално не се известени, треба да реагираат по допрен глас и пред јавноста да излезат со конкретни податоци.

Во врска со случајот на Блерим Рамадани вчера се огласи и Врховниот суд. Соопшти дека одлучил да го укине Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот да го врати на повторно одлучување и постапување.

Постапувањето и одлуката на првостепениот суд, според оценката на Врховниот суд, се нејасни и неразбирливи, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука.

 

По неколкумесечно одлагање, неделава двајца врховни судии се очекува да реферираат за два предмета од случајот на СЈО „Тенк“. Едниот предмет пред колегите ќе го изнесе судијата Ристо Катавено

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.

ПредходнаНајмалку тројца загинати во напад со нож на фестивал во Солинген
СледнаЗа изнајмување станови на туристи, во Хрватска ќе биде потребна согласност од 80 отсто од станарите