дома Бизнис Првпат во последните три години инфлацијата во Франција е под два отсто

Првпат во последните три години инфлацијата во Франција е под два отсто

26
   За првпат во последните три години инфлацијата во Франција во август беше под два отсто, соопшти денеска Националниот институт за статистика и економски студии.

Францускиот индекс на потрошувачки цени во август се зголеми за 1,9 отсто на годишно ниво, што го доведе индикаторот под симболичните два отсто инфлација, прв пат од август 2021 година.

Откако во јули достигна 2,3 отсто за годината, инфлацијата беше намалена во август поради „многу јасното забавување на цените на енергијата“, наведе институтот за статистика.

Цената на енергијата се зголеми за само 0,5 отсто на годишно ниво во однос на растот од околу седум отсто минатата година, потсетуваат националните статистичари.

Цените на храната исто така пораснаа за 0,5 отсто на годишно ниво во август, со иста стапка како и во јули.

На овој начин индексот на потрошувачките цени (CPI) од 1,9 отсто паѓа под целта за инфлација од два отсто, кон која се стреми Европската централна банка (ЕЦБ), бидејќи Германија, исто така, го достигна тоа ниво за прв пат од март 2021 година.

ПредходнаАнкета на Ројтерс/Ипсос: Харис ја зголеми предноста пред Трамп на четири отсто
СледнаМакрон за посетата на Србија: Убаво е да се има сигурни пријатели и историски константи во нестабилен свет