дома Свет Тинејџерка од Црна Гора планирала терористички напад во Австрија! Во куќата биле...

Тинејџерка од Црна Гора планирала терористички напад во Австрија! Во куќата биле пронајдени летоци на озлогласена организација

22

Во Грац, Австрија, покренато е обвинение против девојка (14) од Црна Гора која во мај годинава беше уапсена поради планирање терористички напад со нож во тој град, пишува „Слободна Далмација“. Во Германија е уапсено уште едно лице кое планирало терористички напад со неа.

Четиринаесетгодишна тинејџерка од Грац наскоро ќе се појави на суд под обвинение дека планирала терористички напад со нож на Јакоминиплац во Грац и дека е поддржувач на терористичката организација ИСИС.

Обвинението е потврдено, а таа може кривично да одговара бидејќи на 9 мај наполнила 14 години, а на 17 мај е уапсена.

Според австриските медиуми, истражителите на Државната безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Австрија и влегле во трага на тинејџерката благодарение на дојава од европска агенција за безбедност. Од пребарувањето на нејзината кореспонденција било откриено дека таа зборувала за терористичкиот напад на Јакоминиплац. Според медиумите, таа веќе подготвила оружје за таа цел – секира и нож – како и специјална облека. Таа преку Месинџер испратила фотографии од споменатите предмети до други симпатизери на ИСИС во странство. Според обвинението, цел на нападот биле „неверниците“.

Како што претходно напиша Кронен Цајтунг, тинејџерката е родена во Црна Гора, живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство. При претресот на куќата пронајдени се и одземени нож, секира, облека и носачи на податоци. Пронајдени се и големо количество пропаганден материјал на ИСИС, како и видео снимки од егзекуции и тепачки. По совет на адвокатот, на распитот во полиција таа не ги признала делата за кои се товари. Австриските медиуми пишуваат дека родителите веројатно не знаеле за нејзините планови ниту активности.

Доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до пет години. Рочиштето ќе се одржи на 18 септември.

ПредходнаСилен земјотрес во Грција
СледнаСтудија: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести додека проповедаат за правата на друго место