дома Магазин Познат пејач добил вонбрачна ќерка, па ја шокира јавноста: Правам сѐ да...

Познат пејач добил вонбрачна ќерка, па ја шокира јавноста: Правам сѐ да ми прости сопругата

6

Пејачот Дејв Грол призна дека има вонбрачно дете од тајна љубовна врска што ја имал.

– Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно – напиша пејачот на „Фу Фајтерс“ во изјава на Инстаграм.

Како што понатаму изјавил, се уште ги сака законската сопруга и децата и прави сѐ за да му биде простено.

– Планирам да бидам родител со љубов и поддршка за неа. Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сѐ што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка – продолжи тој.

– Благодарни сме за вашето внимание кон сите вклучени деца, додека напредуваме заедно.

55-годишниот и неговата сопруга Џордин Блум имаат три ќерки, а нивното прво дете е родено во 2006 година. Три години подоцна, Џордин го родила нивното второ дете, Харпер Вилоу, именувано по пра-вујкото на Дејв, Харпер Бонебрејк.

ПредходнаОбожавателка се стрча и ја зграпчи Анџелина Џоли: Актерката воодушеви со својата реакција
СледнаМаск до Тејлор Свифт: ОК, победи. Ќе ти дадам бебе и ќе ти ги чувам мачките