дома Спорт У17: Македонските фудбалерки на меѓународен турнир во Италија

У17: Македонските фудбалерки на меѓународен турнир во Италија

21

 Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години оваа недела ќе учествува на меѓународен турнир во Италија.

Селекторот Катерина Милеска за турнирот што до 15 септември ќе се одржува во Аквилеја и Градишка д’Исонзо повика 20 фудбалерки.

Покрај домаќинот Италија, македонската селекција за противници ќе ги има Словенија и Албанија.

Турнирот во Италија е во рамки на подготовките на македонската репрезентација до 17 за ноемвриските евроквалификации против Литванија, Андора и Унгарија.

Домаќин на квалификацискиот турнир од 2 до 8 ноември ќе биде Унгарија.

ПредходнаМаск до Тејлор Свифт: ОК, победи. Ќе ти дадам бебе и ќе ти ги чувам мачките
СледнаРеал ќе го продолжи договорот со голманот Лунин