дома Свет Путин исцрта нови црвени линии – Стармер и Бајден се среќаваат во...

Путин исцрта нови црвени линии – Стармер и Бајден се среќаваат во САД

7

Тензиите околу Украина меѓу Русија и Западот растат. Москва најави протерување на шест британски дипломати обвинувајќи ги за шпионажа и саботажа, што го сигнализира гневот на Кремљ поради, виталната улога на Лондон во помагањето на Украина, особено по гласините дека земјата му дала зелено светло на Киев да ги користи нивните ракети со долг дострел за напад на цели длабоко на руска територија.

Најавените протерувања доаѓаат пред разговорите меѓу Велика Британија и САД за ситуацијата во Украина. Британскиот премиер Стармер денеска пристигна во САД за да се сретне со Бајден и да разговара околу залагањата на Зеленски за олеснување на ограничувањата за оружјето.

Лондон ни испраќа шпиони како сопружници на дипломати. Малолетниците се користат за прикривање на шпионски операции. Во принцип, не може да се зборува за некаков дипломатски бонтон, изјави службеник на ФСБ.

Претседателот Владимир Путин во четвртокот рече дека Западот директно ќе се бори со Русија доколку и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел од западно производство, потег што тој рече дека ќе ја смени природата и опсегот на конфликтот.

Украинската армија не е способна да напаѓа со модерни прецизни системи со долг дострел од западно производство. Тоа не може да го направи ова. Ова е можно само со користење на разузнавачки податоци од сателити, кои Украина ги нема, овие податоци се само од сателити на Европската унија или на САД, воопшто, од сателитите на НАТО, вели претседателот на Русија, Владимир Путин.

Последен пат војната во рускиот град Ориол затропа во 1941 година. Тој беше под нацистичка окупација, пред да стане еден од првите поголеми градови што ги ослободи Советската Црвена армија. По повеќе од 80 години, борбите повторно се доближуваат до овој руски град.

Упадот на Украина во соседниот регион Курск е на околу 160 километри јужно, и ако Западот дозволи Киев да удри подлабоко во Русија, Ориол би бил на дофат.

Загрижена сум, секако дека сум. Но, се надевам дека нема да стигнат до нас. Навистина се надевам дека ќе биде така, вели Олга, жител на Ориол.Доколку Западот навистина му даде зелено светло на Киев да ги користи нивните ракети со долг дострел, цивилите сепак нема да бидат цел на напад.

ПредходнаАлбанците се обединија – нова блокада на Законот за бранителите
СледнаКремљ не се согласува со изјавите на Ердоган за враќање на Крим на Украина