Моника Белучи денеска го слави роденденот на нејзината ќерка Дева Касел.
Дева се занимава со манекенство и порасна во вистинска убавица, што гордата мама со задоволство го покажува. Моника го искористи 20-тиот роденден на Дева како можност да се потсети на нивната драга фотографија, кога Дева како бебе „лебдеше“ во прегратките на мајка си.
– Љубов моја, среќен роденден!!! Ти посакувам многу среќа за овој важен ден и до крајот на животот. Ти благодарам што постоиш… – вели Моника во описот на црно-белата фотографија.
Дева често присуствува на модни ревии и настани независно од нејзината мајка, а многумина мислат дека таа е „копија“ на Моника од младоста. Таа блеска во манекенската кариера како заштитно лице на модната куќа „Диор“, па дури и глуми.