дома Популарно Воената поддршка за Израел нема да биде пречка Вашингтон да продолжи да...

Воената поддршка за Израел нема да биде пречка Вашингтон да продолжи да ја вооружува Украина, велат САД






Одлуката на САД да ја засили воената поддршка за Израел по ненадејниот напад на Хамас нема да и наштети на способноста на Вашингтон да продолжи да ја вооружува Украина, изјави денеска американскиот претставник во НАТО.

„На прашањето дали американската поддршка за Израел би можела или не да дојде на сметка на американската поддршка за Украина – не очекуваме големи предизвици во тој поглед“, изјави американската амбасадорка Џулијан Смит.

„Мислам дека САД ќе можат да останат фокусирани на нашето партнерство и посветеност на безбедноста на Израел, истовремено исполнувајќи ги нашите обврски и ветување дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

Претседателот Џо Бајден им нареди во неделата на американски бродови и воени авиони да се приближат до Израел во знак на поддршка, и испрати нова воена помош.

МИА

– Реклама –








ПредходнаГи бакнуваме рацете на оние кои го планираа нападот
СледнаЕУ подготвува мерки против Србија поради настаните во Бањска