Тајфунот Бебинца утрово го погоди кинескиот град Шангај. Тоа е најголем тропски циклон во изминатите 75 години.
Поради обилниот дожд и силниот ветер евакуирани се над 400.000 луѓе. Ветерот со брзина 151 километар на час откорна повеќе од 10.000 дрвја. Во Шангај распоредени се над 56.000 спасувачи.
Од вчера вечерта откажани се повеќе од 1.400 летови од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Во прекин е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и 540 патнички возови. Во некои делови од градот во прекин е и метрото, а автопатишта и високите патишта се затворени или во сила се посебни ограничувања на брзината.
Се очекува дождот да продолжи да врне во Шангај, но тајфунот Бебинца се движи кон соседната кинеска провинција Џиангсу.
Бебинца е најсилна бура што го погодила Шангај од тајфунот Глорија во 1949 година.