дома Бизнис Анкета: Мнозинството Грци сметаат дека цените на основните производи се зголемуваат

Анкета: Мнозинството Грци сметаат дека цените на основните производи се зголемуваат

19
Анкета: Мнозинството Грци сметаат дека цените на основните производи се зголемуваат

  Над осум од девет Грци односно 85 отсто од анкетираните оценуваат дека цените на основните производи се зголемуваат, додека пак 48 проценти сметаат дека мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Меѓународниот саем во Солун, воопшто нема да помогнат, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е на првата позиција, овој пат ПАСОК е втора политичка сила во земјата, а СИРИЗА паѓа на четвртото место зад радикално-десничарската Грчко решение.

Нова демократија добива 23,7 проценти, ПАСОК 13,2 отсто, Грчко решение 9,9 проценти, а СИРИЗА 9,1 отсто.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“ било спроведено од 9 до 14 септември со анкетирани 1.000 лица.

ПредходнаФон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
СледнаСе бара решение за есенската потрошувачка кошница