дома Балкан Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

22

  Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

На средбата во Брисел ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на Охридскиот договор и други прашања кои влијаат на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави портпаролот на Европската унија, Петер Стано.

Според информациите од дипломатски извори, меѓу темите што Белград ги предложи да се најдат на дневен ред е прашањето за мостот на Ибар, како и формирањето на Заедницата на српските општини.

ПредходнаСе бара решение за есенската потрошувачка кошница
СледнаИндија наскоро ќе го започне со години одложуваниот попис, најави индискиот министер за внатрешни работи