дома Економија Цените нема да се замрзнат, ама маржата ќе се ограничи до 10...

Цените нема да се замрзнат, ама маржата ќе се ограничи до 10 отсто

2
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто

  Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто во трговијата на големо и мало, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,…

-Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна министерот.

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите, но и да се стабилизираат на подолг рок.

ПредходнаМицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
СледнаКонкурс на ЕК за енергетски инфраструктурни проекти насочени кон остварување на климатските цели и зголемена конкурентноста на ЕУ