дома Култура Илјади поети за промена 14. пат во Струмица

Илјади поети за промена 14. пат во Струмица

 Илјади поети за промена 14. пат во Струмица

  Во Струмица вечер глобалното движење „100 Thousand Poets For Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ќе го реализира 14. издание на поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ со почеток во 19:00 часот во НУ „Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј -Струмица“.

На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници, а манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на професор Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети.

– Mанифестацијата има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во себе, односно околу себе, велат организаторите.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, како што велат организаторите, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи.

-Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика, додаваат организаторите.

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица

ПредходнаМуцунски: Да се воспостави систем за предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ
СледнаУнгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава