дома Бизнис Нова фискална стратегија 2025-2029: Годинава јавен долг од 66,4%

Нова фискална стратегија 2025-2029: Годинава јавен долг од 66,4%

16

Годинава ќе заврши со фантастични 66, 4 проценти јавен долг. Стабилизација во следните години,  а во 2029 година негово намалување на психолошката граница од 60 отсто.

Министерството за финансии ја стокми новата фискална стратегија за период 2025-2029 која веќе го поминала и владиниот филтер.

– Согласно проекциите, во 2024 година на крајот тој ќе достигне ниво од 66,4 % и во наредните години постепено ќе се намалува како резултат на постепената фискална консолидација и во 2029 година ќе биде под утврдениот лимит од 60% од БДП. Исто така, со цел намалување на ризикот од  висината на издадените гаранции се дефинира лимит на издадени гаранции и акцент се става на проекти коишто се самоодржливи и генерираат приходи, поддржуваат економски раст и овозможуваат поголема конкурентност на домашанта економија на среден рок. – Министерство за финансии.

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска тврди дека власта има план за финансиска консолидација на јавните финансии  и намалување на буџетските дефицити.

– Целта на фискалната политика  е подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Тоа ќе се оствари преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Истовремено ќе се продолжи и со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизијанирање на структурата на јавните финансии во која ќе доминира високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспареноста и отчетноста. – Гордана Димитриевска Кочовска министерка за финансии.

Како  приоритет ќе биде борбата со сивата економија и зголемената наплата на буџетските приходи. Економистите веќе предупредија дека новиот унгарски заем од 500 милиони евра неминовно ќе се одрази врз должничката позиција на земјава. Во меѓувреме се крои буџетот за 2025 година.

Освен што е извесно дека јавниоит долг ќе се зголеми според информации на ТВ  24 голем дел на институциите вклучувајќи и фондови побарале зголемување на буџетите главно во делот на плати, комуналии, договорни услуги. Новиот буџет воедно треба да ги содржи и финансиите за новото мартовско зголемување на пензиите кои се бројат во стотици милиони евра. Владата веќе најави уште едно задолжување од 500 милиони евра но дополнително ќе се одлучи дали тоа ќе биде преку пријателска Будипмешта или преку еврообрзница.

ПредходнаГерманскиот туроператор „Ер-ес-де“ ќе донесе 35.000 туристи во земјава следната година
СледнаПо иранскиот напад, Израел најавува одмазда