дома Локално Претставување на муралот на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена

Претставување на муралот на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена

16
Претставување на муралот на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена

  Канцеларијата на УНДП во земјава денеска органзира претставување на муралот нацртан на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена, на патот кон областа Бањиче, Тетовско.

Настанот е дел од серијата активности што ги организира УНДП по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври.

Муралот е нацртан на ѕид долг 120 метри што претходно е изработен за стабилизација на свлечиште на земјиште во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, а го имплементира УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во регионот.

Како што е најавено, на претставувањето на муралот ќе присуствуват: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити; градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

ПредходнаСрпскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
СледнаИранско-израелската конфронтација – почеток на регионална војна или „стратегија за одвраќање“?