дома Балкан Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија достигнале 749...

Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија достигнале 749 милиони евра

16
Во првата половина од годинава странските инвестиции во Албанија  достигнале 749 милиони евра

  Странските директни инвестиции во Албанија, еден од главните извори за финансирање на економијата и отворање работни места, продолжуваат да растат во првите шест месеци од оваа година.

Министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа соопшти дека податоците покажуваат стабилен и значителен раст.

– Протокот на странски инвестиции континуирано расте во последните години. За првата половина од годинава странските инвестиции изнесуваат 749 милиони евра, што е за 16 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, изјави Гонџа.

Тие инвестиции, според него, се реализирани во стратешки сектори како што се дејностите со недвижнини, кои учествуваат со 24,1 отсто од вкупниот обем на инвестиции.

Министерот информираше дека кога станува збор за странските инвестиции доминира Турција, која учествувала со 19,5 отсто во вкупниот проток, потоа Италија и Холандија со 12,4 отсто и 8,1 отсто во вкупниот број, како и Франција и Австрија со 7 и 6,6 отсто.

Странските инвестиции минатата година достигнале 1,5 милијарди евра.

ПредходнаВо Албанија августовската инфлација 1,9 отсто, најниско ниво во изминатите три години
СледнаКина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ