дома Свет Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее...

Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води

16
Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води

  Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

– Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води, рече Борел.

ПредходнаФлорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри
СледнаБГНЕС: Министерката со бугарски пасош управувала со сомнителна компанија во Бугарија