дома Македонија „И ние сме држава, не само тие во власта“

„И ние сме држава, не само тие во власта“

57

Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час.

Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување од 5000 денари.

„Владата нè запоставува. Не ни ги качува нашите пензии, за нивните 78% има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А нас пензионерите нè понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме“, рече пензионер.

„Плаќам седум илјади за лекови, а земам 16.300 денари пензија, дали треба струја, дали треба храна, облека, ни дрвце немам за греење. Не сме задоволни од зголемување од сегашното 5.3%. Скапотија е голема, не може да се купува храната“, истакна пензионерка.

„Треба да стане цела Македонија, и ние сме држава, а не само тие што се во власта. Дали има некоја држава без народ. И ние треба да се бориме за оваа држава. Се бориме за минимална пензија, затоа ни избегаа децата надвор од државата. Дали некое дете од луѓето во власта е на работа во странство“, праша пензионер од Тетово.

Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.

МИА

– Реклама –

ПредходнаСпоред моите сознанија, процесот ќе заврши успешно
СледнаГраѓаните мета на измами за странски пратки и покрај предупредувањата од „Пошта“