дома ТОП ВЕСТИ Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна...

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

15
Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

 – Косовската полиција, конкретно единицата од Управата за меѓународна соработка во владеењето на правото при полицијата на Косово (ФАСТ/FAST), вчера во Урошевац уапсила државјанин на Република Северна Македонија по кого била распишана меѓународна потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац.

-На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од Северна Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од Република Северна Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години, се наведува во соопштението.

По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.

ПредходнаШефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва
СледнаМицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник и партнер во евроинтеграциите