дома Култура Промоција на српското издание на „Вештица“ од Венко Андоновски

Промоција на српското издание на „Вештица“ од Венко Андоновски

12
Промоција на српското издание на „Вештица“ од Венко Андоновски

  На Белградскиот саем на книгата денеска ќе биде промовирано српското издание на романот „Вештица“ од Венко Андоновски.

Ова е трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ-Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар.

За книгата ќе зборуваат Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, преведувачката Љиља Цревар и авторот.

-Еден од најпознатите светски современи автори, Милан Кундера, за „Вештица“ кажа: „Во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што ‘Вештица’ станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува“, велат од издавачката куќа „ТРИ“.

ПредходнаВлатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
СледнаРусија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан