дома Економија Граѓаните мета на измами за странски пратки и покрај предупредувањата од „Пошта“

Граѓаните мета на измами за странски пратки и покрај предупредувањата од „Пошта“

62

Граѓаните се повторно мета на нови измами поврзани со странски пратки кои треба да се достават преку АД „Пошта на Северна Македонија“.

Овој пат, граѓани добиваат известување дека нивната пратка не е доставена поради нејасна адреса. Потоа се бара од нив да се уплати ситна сума (17 денари), а при која трансакција се одземаат значително повисок износ од посочениот.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ велат дека тие известувања се дезинформации и дека не ги испраќала компанијата и ги советуваат граѓаните веднаш случајот да го пријават во МВР.

Додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките е преку разнесувачите и апелираат секој неовластен обид за злоупотреба на пошта да се пријави.

„Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени. АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта. За сите информации во врска со Пошта ве молиме посетете ја нашата официјална веб страна www.posta.com.mk“, соопштија од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Ова не е прв обид на измама на корисниците на услугите на „Пошта“, граѓаните многу често пријавуваат злоупотреби особено со интернет нарачките.



Предходна„И ние сме држава, не само тие во власта“
СледнаЕдинственото место на Германија е со Израел