дома Бизнис Кока-Кола повлекува 28 милиони шишиња во Австрија

Кока-Кола повлекува 28 милиони шишиња во Австрија

13
Кока-Кола повлекува 28 милиони шишиња во Австрија 

 Кока-Кола ќе повлече 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија поради можноста тие да содржат метални честички поради грешка во производството.

Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл.

Кока-Кола објави дека ќе бидат повлечени шишиња од Coca-Cola, Fanta, Sprite и MezzoMix со рок на употреба до 4 февруари 2025 година и до 12 април 2025 година.

Не може да се исклучи можноста дека многу ограничен број од овие шишиња би можеле да содржат метални честички поради техничка грешка во производството, соопшти компанијата.

Coca-Cola истакна дека не сите шишиња од овој период биле продадени. Многу од нив сè уште се во компанијата или во малопродажните складишта, додаде портпаролот.

ПредходнаБислими: Средбата со Лајчак и Петковиќ во Брисел заврши без резултати на „важните теми“
СледнаМишел за ЕНР/МИА: ЕУ не смее да дозволи Западниот Балкан да западне во „сива зона“