дома Свет Би сакал Србија да разбере и да преболи дека Косово е независна...

Би сакал Србија да разбере и да преболи дека Косово е независна држава, но…

63

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека „би сакал Србија да сфати и да признае дека Косово е независна држава“.

„Луѓето велат дека Србија едноставно треба да разбере дека Косово е независна држава, да го преболи тоа и да продолжи понатаму. И јас би сакал да го стори тоа, но факт е дека проблемот е многу покомплексен“, рече Хил.

Зборувајќи на Белградската безбедносна конференција (БСЦ), Хил оцени дека Србија и Косово на крајот ќе треба да дојдат до политичко решение за кој и да утврдат дека е одговорен за настаните во Бањска на северот на Косово.

„Сега имаме проблем што треба да се реши. Кој и да е одговорен за тоа, ние ќе мора да имаме политичко решение, ќе мора да седнеме и да сфатиме што е фер“, рече Хил, говорејќи на Белградската безбедносна конференција.

Тој изјави дека ова решение подразбира „некаков статус“ за Србите на Косово, а од друга страна „поголема интернационализација“ за Косово.

„Треба да ги охрабриме двете страни да се слушаат една со друга“, потенцираше Хил.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаНАСА покажа слики од материја собрана од астероид, содржи јаглен и вода
СледнаКовачевски да не се крие под фустанот на ДУИ и да излезе да се соочиме на избори