Коалицијата „Слобода за Наргес“ во четвртокот објави дека Мохамади на 19 октомври е осуден на дополнителни шест месеци затвор под обвинение за „непочитување и отпор на наредбите“.
Групата побара безусловно ослободување на Мохамади, наведувајќи дека нејзината здравствена состојба драстично се влошила за време на нејзиниот долг престој во затвор и дека боледува од срцеви заболувања.
Според соопштението, обвинението е покренато откако Мохамади организирала протест на 6 август против егзекуцијата на уште еден политички затвореник во женскиот оддел во затворот Евин во Техеран.
Мохамади е 19-та жена што ја доби Нобеловата награда за мир и втората Иранка по активистката за човекови права Ширин Ебади која ја доби наградата во 2003 година.
Наргес Мохамади (52) продолжи со своите активности и покрај бројните апсења и годините што ги помина зад решетки, а во 2023 година ја доби Нобеловата награда за мир. Таа е во затворот Евин, каде се сместени политичките затвореници, а веќе отслужи казна од 30 месеци, на која во јануари и беа додадени уште 15 месеци. Иранската влада не ја потврди нејзината дополнителна казна.