дома Македонија Арсовска ја разрешила директорката на „Комунална хигиена“

Арсовска ја разрешила директорката на „Комунална хигиена“

62





Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место го назначила Гоце Трајковски.

Мазнева-Николиќ за СДК.МК потврдила дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.

„Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците“, вели Мазнева-Николиќ.

Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“.

Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“. Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

МИА

– Реклама –








ПредходнаВојната меѓу Израел и Хамас се заканува да ја затемни и онака мрачната глобална економска перспектива
СледнаАлбанскиот Парламент изгласа Резолуција за Косово