дома Политика Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари...

Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

7
Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

  Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.

-Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ. Не сум знаел дека овие судии избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ спроведува програма на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил загрижен за предметот поврзан со законот за јазици и да сум интервенирал кај уставните судии избрани од СДСМ и ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на тој начин можеле да ја дестабилизираат државата. Тоа е писмото, јавноста нека оцени дали тоа заслужува коментар, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Блумберг Адрија“.

Според него, поминало времето кога политичарите можеле на тој начин да влијаат на одлуки на судии и обвинители.

-Јас разбирам дека ДУИ се уште е во тој периметар и низ таа оптика низ која тие гледаат, тие мислат дека на тој начин треба да функционираме ние како држава, јас не мислам, а посебно на памет не ми паѓа било каква комуникација со уставни судии или било какви судии и обвинители кои се избрани од мнозинството СДСМ и ДУИ. Бидејќи тие истите рејтингот на правосудниот систем го сведоа на едноцифрен број проценти, рече Мицкоски.

Информира дека викендов остварил средба со европскиот експерт за правосудство Бранко Хорватин.

-Веќе остварив средба со европски експерт во мојот кабинет за време на викендот, тој е Бранко Хорватин кој работи на проект финансиран од страна на ЕУ во Црна Гора дека многу добив квалитетни идеи во делот на реформите во правосудството, и во текот на следната недела очекувам веќе да имаме оперативна средба со министерот и со луѓето кои се веќе дел од оваа работа и да почнеме веќе да работиме. Најпрво да почнеме од Судскиот совет, па после од Советот на јавни обвинители, се до оној момент додека не го ослободиме Судството и Обвинителството октроирани од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ, рече Мицкоски.

Инаку, како што соопшти ДУИ претходно, писмото од Ахмети е „одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој“. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни  и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

ПредходнаСостанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ
СледнаЗајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција