дома Политика Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било...

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години

5
Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години

  Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Демократската унија за интеграција, објави Ахмети, ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година. Како резултат на изборните победи низ годините, посочува, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции. Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното, објави Ахмети, додавајаќи дека ДУИ не ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, како што пишува, дали се со нас во коалицијата или не.

– Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда, напиша на фејсбук Ахмети.

ПредходнаСтејт департмент: Слободниот и независен печат е главен столб на демократијата
СледнаЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство