дома Спорт У17: Втор пораз на македонските фудбалери во евроквалификациите

У17: Втор пораз на македонските фудбалери во евроквалификациите

6

У17: Втор пораз на македонските фудбалери во евроквалификациите

  Македонската фудбалска репрезентација до 17 го претрпе вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, откако попладнево во Рејкјавик загуби од Шпанија со 5-0 во рамки на 2. коло во групата 12.

Фаворитот Шпанија ги разреши сите дилеми околу конечниот победник веќе во првиот половина час од натпреварот кога со головите на Кампос (21), Номоко (25, пенал) и Бареирос (28) обезбеди водство од 3-0. Номоко со својот втор гол го зголеми водство на шпанската репрезентација во 75 минута, а десет минути подоцна Гистау го постави конечниот резултат.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски со овој пораз ги загубија шансите за продолжување на квалификациите за пласман на ЕП, откако во првото коло загубија од домаќинот Исланд со 4-1 и се претпоследни на табелата без бодови.

Во последното коло Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Естонија.

ПредходнаНБА: Ембид под истрага откако оттурна новинар
СледнаЕмбер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз