дома Локално Земјотрес со јачина од 2.2 степени по Рихтер утрово во подрачјето на...

Земјотрес со јачина од 2.2 степени по Рихтер утрово во подрачјето на Скопје

7

  Земјотрес со  епицентар во скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.2 степени е регистриран утрово во 5 часот и 49 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

ПредходнаРастур на Крипто берзите по победата на Трамп
СледнаНеопходна е тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција