дома Живот Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

4
Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

  Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан.

Владите на овие земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата.

Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота.

„Ова е навистина неверојатно. Овие земји заедно опфаќаат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Тоа испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата”, изјави експертот Бес Херберт од организацијата „Престанете со физичкото казнување“ при Светската здравствена организација.

Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено.

Се поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата има негативно влијание врз нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија. Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

ПредходнаНеформален дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта
СледнаАмериканската војска тестираше ракета која може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути