дома Балкан Српски медиуми: Опозицијата повикува на протест во Белград в петок доколку власта...

Српски медиуми: Опозицијата повикува на протест во Белград в петок доколку власта до утре не ги исполни барањата

5

Опозициските партии  ќе ги повикаат в петок граѓаните на протест во Белград, доколку владата до утре не ги исполни нивните барања за разрешување на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милош Ѓуриќ, поради смртта на 14 лица откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во тој град, пренесе Бета.

Како што пишува порталот Нова, на вечерашната средба на опозицијата било договорено до утре да им се даде рок на надлежните да ги исполнат барањата, меѓу кои е и ослободување на приведените по синоќешниот протест во Нови Сад, а доколку тоа не се случи, протестот во Белград би можел, според порталот, да се одржи следната среда.

Претставниците на опозицијата разговараа и за начинот на контролирање на демонстрантите за протестот да не прерасне во немири, како што се случи синоќа во Нови Сад.

ПредходнаДоаѓа студено време и први услови за снег во Скопје
СледнаПожар во магацин со стари вагони во Железници