дома Свет Еј-Би-Си: Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во...

Еј-Би-Си: Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

6
Еј-Би-Си: Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

  Победникот на американските претседателски избори, Доналд Трамп, освои 301 електорски глас , наспроти 226 на кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, покажуваат најновите проекции на медиумската компанија Еј-Би-Си Њуз (ABC News)).

Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.

Еј-Би-Си предвидува дека Трамп ќе победи и во Невада, која ја загуби и на изборите во 2016 и во 2020 година.

Харис победи во округот Колумбија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Конектикат, Род Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Њујорк, Мејн, Вирџинија, Илиноис, Минесота, Колорадо, Ново Мексико, Вашингтон, Орегон, Калифорнија и Хаваи.

Трамп води и во освоени гласови, досега има добиено 73,3 милиони гласови, а Харис 69 милиони гласови.

ПредходнаМерц ја повика Европа да покаже сила пред новиот мандат на Трамп
СледнаБројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица