дома Црна хроника Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шопот на преминот Богородица

Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шопот на преминот Богородица

61

Спречен е шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица, соопштија од Царинската управа.

Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари, известија од таму.

Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, додаваат од Царинската управа.
Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.



ПредходнаСтопанската комора пред Уставниот суд ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност
СледнаКултната јакна на Мајкл Џексон на наддавање