дома Магазин Волшебна атмосфера во Кисела Вода како завршница на проектот „Македонијо во срце...

Волшебна атмосфера во Кисела Вода како завршница на проектот „Македонијо во срце те носиме“

58

Под насловот „Македонијо во срце те носиме“, вчера вечер во Кисела Вода, во паркот пред салата “Расадник”, се одржа финалниот скопски концерт на музичкиот проект кој во изминатиот период во 8 градови ги претстави најубавите македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи.

Во волшебна атмосфера креирана од неколку десетици илјади публика, Кисела Вода обоена во боите на Македонија го пренесе музичкиот аманет оставен од генерациите пред нас. Два часа се пееја „Народе македонски“, „Едно име имаме“, Ми заплакало село Ваташа“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Заветна“,„Налеј, налеј“ и останатите песни од проектот, освежени со нови современи аранжмани, зад кои застана познатиот музичар и композитор Николче Мицевски. Публиката во еден глас пееше со Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, ДНК, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, а на крај уживаше и во величествен огномет.

Вчерашниот концерт, како дел од проектот потпишан од продукцијата “Скендеровски” се одржа под покровителство на Општина Кисела Вода.

-Ова е Македонија! Ова е мојот горд и обединет народ кој во еден глас ги пееше преубавите македонски песни!Ви благодарам на сите што бевте дел од овој спектакл, благодарам на продукцијата ,,Скендеровски” за овој прекрасен проект и на сите изведувачи кои повторно ги оживеаjа македонските родољубиви песни. Да си го чуваме она што го имаме – Македонија и нашата традиција, бидејќи нема ништо повредно од тоа-изјави градоначaлникот Орце Ѓорѓиевски.



ПредходнаМаратонците ќе трчаат во чест на Тоше, од Нова Градишка до Крушево
СледнаАСОМ до Груби: Вашата цел е да го преземете бизнисот со игри на среќа