дома Свет САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на...

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

3
САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

  Вашингтон денеска и порача на Турција дека како нивен сојузник оваа земја не треба да биде домаќин на лидерите на палестинската организација Хамас.

Во врска со тврдењето дека некои лидери на Хамас се преселиле од Катар во Турција, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека одредени лидери на оваа организација се под обвиненија од САД, поради што треба да бидат екстрадирани во САД.

-Ние мислиме дека лидерите на оваа сурова терористичка организација не треба да живеат удобно никаде, што секако го вклучува и големиот град на еден од нашите клучни сојузници и партнери, рече Милер.

Анкара ги отфрла тврдењата дека Хамас го преселил своето политичко седиште во Турција, но наведува дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат.

Хамас соопшти дека тоа се гласини кои Израел понекогаш ги шири, пренесуваат британските медиуми.

ПредходнаЗеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
СледнаЗаседание на ФАК во Брисел, на маргините потпишување на Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу земјава и ЕУ