ОВЕН
Не ги носете вашите проблеми од работата во домот. На семејство му се потребни вие и вашата грижа. Ќе добиете извештај од далеку и тоа ќе биде причина отсега да ги планирате следните месеци. За некои, тоа е поврзано со обука за работа или со семејството. Вашата радост ќе ја споделат и блиските.
БИК
Избирате прилично ветувачки начин на дејствување. Успевате да создадете обврски кои го апсорбираат целото ваше внимание. Вашата работа е интересна и целосно задоволувачка. Не брзајте да одговорите на понудата што ви е дадена. Почекајте некое време, ситуацијата многу брзо ќе се промени. Подготвени сте да ѝ помогнете на саканата личност, но таа самата изгледа не сака да се извлече од тешката ситуација.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ги завршите вашите неизбежни задачи и со задоволство ќе се препуштите на пријатни активности. Домашната атмосфера ќе ве поттикне на самообразование. Осигурете го вистинското опкружување и дејствувајте. Здравствените проблеми на вашите најблиски наскоро ќе стивнат и тоа ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста.
РАК
Ќе бидете зафатени со деловни задачи и склопување договори, средби со партнери и клиенти. Завршете ги започнатите задачи и активно искористете го попладнето за деловен потфат со странски партнери. Личните проблеми ќе останат во втор план. Оние што сѐ уште не се во брак, ќе ја продлабочат врската и ќе размислуваат за заедничкиот живот.
ЛАВ
Можностите пред вас се одлични, но во повеќето случаи ќе барате начини за одмор, со кои ќе се опуштите, особено што веќе сте испланирале дел од денот. Семејната атмосфера ќе ве потопи во подготовките за викендот и со задоволство ќе се вклучите во нив без да создавате тензии околу вас.
ДЕВИЦА
Нечие посебно внимание и нескриени чувства ќе ве натераат да размислите. Ќе се посветите трајно, земајќи ги предвид позитивните страни на блиска личност, но нема да го изгубите умот. Искористете ја поволната ситуација околу вас и овозможете ја реализацијата на вашите скриени желби.
ВАГА
Денеска ќе видите како се остварува еден ваш сон, но дали ќе имате доволно време да уживате во него? Луѓето околу вас ќе ве занимавват и со прашања на коишто моментално не сте во состојба да обратите внимание. Обидете се да бидете потрпеливи со личност од вашето опкружување и да не ја повредите, макар и ненамерно.
ШКОРПИЈА
Не гледајте на луѓето со кои доаѓате во спротиставености како на непријатели. Многу од нив се меѓу вашите роднини. Размислете дали правите грешки во вашите проценки и не избрзувајте со заклучоците. Денот ќе ви биде успешен на деловен план и ќе одбиете многу од задачите кои се пред вас.
СТРЕЛЕЦ
Не ставајте под соменвање сѐ на што ќе наидете. Може да го изгубите шармот на изненадувањето. Правете работи што ви се допаѓаат. Можете да сретнете стар пријател или близок роднина. Љубовта е покрај вас и само треба да ги отворите очите за да ја видите.
ЈАРЕЦ
Бидете посигурни во вашите одлуки. Не дозволувајте надворешни лица да влијаат на вашите постапки. Може да наидете на потешкотии во бизнисот, но тешко дека ќе ве спречат. Имате конкретни идеи за вашата работа и визии за тоа како да ги остварите. Ви треба повеќе упорност.
ВОДОЛИЈА
Ова е ден на големи надежи. Не штедете ги вашите напори за да бидете задоволни. Можете да сметате на поддршка. Ја постигнувате вашата поблиска цел поврзана со личност која силно ве привлекува. Ќе дознаете вести кои долго ве интересираат. Не ги занемарувајте вашите семејни односи.
РИБИ
Долгоочекуваниот настан ќе ви донесе многу расположение и радосна возбуда. Искористете ја поволната средина, грижите ќе ви паднат и ќе го покажете најдоброто од себеси. На личен план, ќе си поставите многу прашања за цената на успехот, за љубовта и други работи кои непомалку ви се важни.