дома Култура Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за...

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

3
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова.

Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

ПредходнаРусин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
СледнаВо Белград почнува судењето на членовте на „балканскиот картел“