дома Uncategorized Кузеска: Власта спроведува брутална партизација на институциите

Кузеска: Власта спроведува брутална партизација на институциите

2
Кузеска: Власта спроведува брутална партизација на институциите

Режимските тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, режимот дефинитивно се враќа.

Додека се бркаат луѓе од работа, се прават партиски чистки се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции во безбедносните институции.

Еклатантен пример е Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионалец власта поставува претседател на Градскиот комитет за директор на АНБ, којшто е прашање дали ги исполнува законските услови да биде на оваа позиција.

Додека јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик се отвори и прашањето дали и факултетската диплома на Христовски е соодветна.

Ваквото однесување создава долгосрочни последици за работата на безбедносните служби, правната држава и демократијата во земјата.

И сето ова се случува во време кога безбедносната состојба во земјата се влошува со секојдневни пукања, инциденти и нереди.

Власта спроведува широка стратегија за целосна партизација на институциите.

Советот за граѓански надзор на комуникациите, тело кое треба да спречува злоупотреба на следењето на комуникациите, е пред сериозна опасност да стане параван за нови злоупотреби.  Исто како оние кои ја потресоа Македонија за време на режимот на Груевски со прислжување на 20.000 граѓаните.

Наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ВМРО-ДПМНЕ го претвора Советот во инструмент на партиска контрола на комуникации и прислушување.

За претседател на Советот е предложен Илче Димовски – долгогодишен партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Илче е Претседател на УМС Битола и секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола.

Следен е Стојанче Рибарев, член на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Рибарев е добро познат во јавноста како поранешен судија, разрешен поради злоупотреби во правосудниот систем, познат како спаситела на Никола Груевски од притвор во 2017 година. Сега треба да веруваме дека истиот тој Рибарев, ќе ги штити граѓаните од злоупотреби и ќе спречи повторување на скандалозното масовно прислушување од времето на Груевски? Нема шанси.

За член на Советот е предложен и Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ.

Тука е и Никола Затуровски – долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ .

Советот за граѓански надзор на комуникациите, замислен како независен механизам за заштита на граѓанските права, сега станува играчка во рацете ВМРО-ДПМНЕ и алатка за нови злоупотрени.

Ова е сериозен удар врз демократијата и ја покажува намерата на ДПМНЕ за повторно заробување на институциите и враќање на земјата во мрачните времиња на режимот.

СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се противставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата.

Власта на ДПМНЕ и Мицкоски наместо да спроведува реформи сака да го стави правосудниот систем под нивна контрола и да го користи како алатка за партиски цели.

Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судствотото. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски.

 

Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа носи долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата.

 

СДСМ стои зад потребата од реформи во правосудството со вклучување на странски експерти и со меѓународен мониторинг. Овие реформи треба да бидат водени од европските стандарди, а не од партиски агенди на власта.

ПредходнаТрамп бара итно ослободување на израелските заложници, во спротивно се заканува со „ужасна цена“
СледнаСиндикатот и експертите против зголемување на границата за пензионирање, од Владата велат не се размислува за такво нешто