дома Економија Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The...

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker

6
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker

  Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2024 година во Република Северна Македонија“ од финансискииот магазин The Banker. Банката ја добива наградата по 11-ти пат, а доделена е вчера вечер на свечена церемонија во Лондон.

– Наградата од The Banker уште еднаш ги потврди водечката улога на Комерцијална банка во финансискиот сектор во земјава, нејзините иновативни решенија и докажаната посветеност со кои за клиентите обезбедува врвни производи и услуги, а за целокупната економија значаен придонес што ги поттикнува развојот на бизнисот и претприемништвото, соопшти Комерцијална банка.

Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, при примање на наградата рече дека е привилегија што повторно се прогласени за Банката на годината од The Banker, особено затоа што наградата доаѓа во пресрет на прославата на јубилејот од 70 години Комерцијална банка во 2025 година.

– И наградата и ова значајно достигнување ја одразуваат долгогодишната посветеност на Комерцијална банка на иновации, издржливост и фокусираност на клиентите. Во текот на оваа година бевме силно посветени на развој на стратегија која ќе ги задоволи растечките потреби на клиентите за извонредни дигитални и одржливи финансиски решенија, изјави Џамбазовски.

Наградата од The Banker, дел од групацијата на Financial Times, е стандард за извонредност во банкарската индустрија. The Banker со ова признание ги препознава банките-лидери во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум – подобрувања и новитети реализирани во тековната година со кои се издигнуваат над предизвиците.

ПредходнаХрватските пензионери пред Божиќ ќе добијат по 80 евра
СледнаРеслер: Средствата од Планот за раст Западниот Балкан ќе помогнат за подобра интеграција на земјите од регионот