1 500 ученици денеска не седнаа во училишните клупи на ОУ Лазо Ангеловски во Скопско Ново Лисиче. Нивните родители решија да го продолжат бојкотот на наставата поради насилното осум годишно дете кое се врати во училиштето откако не беше примено од ОУ 11 Октомври во Центар.
Од родителскиот совет велат дека не поставуваат ултиматуми детето да биде отпишано ниту пак го вперуваат прстот кон него, туку бараат да се заштитат правата на останатите 1 500 деца.
Од министерството за образование информираат дека составиле интердисциплинарна комисија која ќе треба да одлучи како 8 годишното дете со насилно поведение ќе го продолжи својот образовен процес.
– Министерството за образование и наука учествува во изнаоѓањето решение за случајот со ученикот со кој јавноста е веќе запознаена и во таа насока, на ицинијатива на МОН е формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на Министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветни мерки и активности согласно законскатата регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволвирани. – Министерството за образование и наука.
Третооделенецот беше префрлен во ОУ 11 Октомври но откако родителите дознале за неговото однесување вчера ја бојкотираа наставата која денеска се врати во нормален тек, бидејќи директорката на ОУ 11 Октомври ја поништи согласноста детето да се префрли во училиштето.