дома Свет Во Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употребила водени топови и солзавец

Во Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употребила водени топови и солзавец

3
Во Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употребила водени топови и солзавец

  Грузиската полиција денеска соопшти дека 50 лица се уапсени во текот на деветтата ноќ од протестите во Тбилиси. Од нив 48 лица се приведени поради непослушност и вандализам, додека други двајца се уапсени под обвинение за учество во насилни групи.

Протестите се одржуваат поради најавата на владејачката партија дека ќе ги суспендира на четири години преговорите за приклучување кон Европската Унија.

Полицијата и за време на синоќешните протести употреби водени топови и солзавец и интервенирала со специјални единици за да ги задуши протестите, а демонстрантите повторно возвратија фрлајќи разни предмети, како и со огномет и петарди. Демонстрантите се движеа низ центарот на градот, јавија медиумите.

Според властите, од почетокот на масовните протести се уапсени вкупно 341 демонстрант. Речиси 150 полицајци се повредени.

ПредходнаПортокалово предупредување во Франција поради бурата Дара, во прекин железничкиот сообраќај
Следна„Њујорк Тајмс“: Иран почна евакуација на високи воени команданти и функционери од Сирија